Поврзете се со нас

Светски првенства

Во Хрватска не се гледаше големото финале поради пречекот на хероите: Ова не се купува со пари (Видео)

Објавено

на

Хрватската фудбалска репрезентација вчера го освои бронзениот медал на Светското првенство во Катар, но за да не се менува распоредот, истата денеска реши воопшто да не го гледа финалето и да пристигне во родната земја.

Околу 80 илјади Хрвати не го гледаа завршниот чин на мундијалот во Катар поради тоа што решија достојно да ги пречекаат своите херои, кои доживеаја слични сцени како оние пред четири години кога освоија сребро во Русија.

Хрватските фудбалски фанови не потфрлија и во неверојатна бројка им оддадоа почит на своите национални херои, а главно збиралиште беше плоштадот во Загреб кој беше запален од пиротехника во чест на момците на Златко Далиќ.

– Повторно ги доживуваме истите емоции од пред четири години, ова не може да се купи со пари. Ова што го работам е најубавата работа во светот. Притисокот кој го имавме беше страшен како актуелни вицешампиони, но повторно ја направивме горда нашата земја. Оваа бројка е доказ за тоа. Сега следи одмор, а потоа ќе размислуваме за квалификациите за Европско првенство, – изјавил селекторот Далиќ.

– Добро вечер Загреб, добро вечер Хрватска. Ви благодарам што дојдовте во толку голем број. Сакавме да ви донесеме злато, но за жал не успеавме во тоа. Сепак, сметам дека и третото место е голема работа и вашето присуство тука го докажува тоа. Убеден сум дека оваа репрезентација во иднина ќе донесе злато во оваа земја, – изјавил Модриќ пред навивачите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни