Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Влезе во одбрано друштво: Проведел е четврти голман кој постигнал гол во ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

Калчолигашот Лацио избегна пораз на вечерашното соочување со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, а „виновен“ за тоа е Иван Проведел.

Голманот на Лацио постигна гол во 95 минута и со тоа му овозможи бод на својот тим. Проведел се реши да тргне напред во самата завршница, а по нафрлувањето на Луис Алберто тој биеше со глава како моќен напаѓач за 1-1 и големо славје на „Олимпико“.

На овој начин Италијанецот влезе во одбрано друштво, екслузивен клуб во кој досега беа уште три имиња кои како голмани реализираше во елитното натпреварување-тоа се Ханс-Јорг Бут, Синан Болат и Винсент Енјема.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни