Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вардар загуби бод во последната секунда против Порто

Објавено

на

Ракометарите на Вардар во самиот финиш, во последната секунда останаа без посакуваната победа на вечерашната драматична средба против Порто во Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ имаа предност од 25-24, но последниот напад го имаа гостите од Португалија кои немаа едноставно беа без идеја, па Родригеш испрати удар од очај кој со доста среќа заврши во голот на Ристовски за конечни 25-25.

Можеби на крајот овој резултат е реален со оглед на тоа што двете екипи имаа свои моменти, водеа, па ја губеа предноста, но останува впечатокот дека Вардар можеше да дојде до двата бода и на тој начин да се круниса извонредната партија на Борко Ристовски кој имаше 18 одбрани и даде 4 голови.

Чупиќ со 7 погодоци беше најефикасен, кај Порто нашиот Митревски запиша 11 одбрани, а пикерот Итуриза имаше 7 голови.

Вардар во следното коло му гостува на ПСЖ кој денеска загуби во Полска кај Кјелце.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни