Поврзете се со нас

Англија

Ван Дајк е првиот играч кој излезе со коментар за најавениот наследник на Клоп: Филозофијата која ја негува е добра за Ливерпул

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Вирџил Ван Дајк испрати брутална порака за своите соиграчи по поразот од Евертон и им порача на сите да се погледнат во огледало, бидејќи тимот почна да испушта се што напорно градеше во цела натпреварувачка сезона.

Елиминацијата од Лига Европа и лошите резултати во последно време направија Ливерпул сега да има само минимални шанси за титулата, а тоа предизвика незадоволство кај капитенот, кој истовремено беше првиот играч на клубот кој се огласи за можниот наследник на Јирген Клоп.

Медиумите од Англија веќе на големо пишуваат дека Арне Слот е кандидат број еден на Ливерпул, па бидејќи се работи за тренер кој е сонародник на Вирџил, можеби навистина Ван Дајк е правилниот човек кој треба да го коментира ова прашање.

– Сметам дека Арне Слот е еден од најдобрите холандски тренери во овој момент. Начинот на кој игра неговиот тим и филозофијата која ја негува прават да биде кандидат за тренер на Ливерпул. Тој може да го води Ливерпул.

– Сепак, исто така прочитав дека зделката е далеку од готова, треба да видиме како ќе се развива ситуацијата. Ќе се фокусираме на тоа по крајот на сезоната, сега треба да дадеме се од себе за самиот крај, – изјавил Ван Дајк во интервјуто за „Виа Плеј“ по поразот од Евертон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни