Поврзете се со нас

Англија

Ван Бастен ја советува пропадната ѕвезда на Челси да си замине од клубот: Ова што го гледаме не е добро за фудбалот

Објавено

на

Челси донесе многу звучни имиња во последните две-три години и тоа резултираше со голем успех и трофеј во Лигата на шампионите, но ако се суди според прикажаното на теренот, дефинитивно најголемо разочарување кај „лондонските сини“ е Хаким Зијеш.

Мароканецот пристигна од Ајакс како огромно засилување и фудбалер кој треба да биде клучен на десната крилна позиција, но тој воопшто не се наметна кај Томас Тухел, а не почна добро и кај новиот менаџер Грем Потер.

Крилниот фудбалер беше еден од најдобрите во Европа на својата позиција пред да дојде во Челси и беше многу важен за незаборавниот пат на Ајакс во Лигата на шампионите, па токму поради тоа, легендарниот Марко Ван Бастен го советува што побрзо да си оди од „Стемфорд Бриџ“.

– По Светското првенство во Катар, ќе се отвори нов преоден рок и тоа е нова шанса за Зијеш. Вистинска штета е што не го гледаме како игра фудбал.

– Хаким е извонреден играч, мора да гледаме некој како него на редовна база. Вклучуваме телевизор и гледаме фудбал поради играчи како него, одиме на стадионите за да гледаме такви играчи. Вистинска штета е за фудбалот што тој седи на клупа. Мора да си оди и да бара минутажа, – потенцира Ван Бастен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни