Поврзете се со нас

Балкан

Уште една добра партија на дефанзивецот: Дробаров и откина два бода на ЦСКА Софија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/pfc.chernomore.varna

Македонскиот интернационалец, Влатко Дробаров веќе некое време има одлични партии во дресот на Черно Море, тим кој блеска на почетокот на оваа сезона во првата лига на Бугарија.

Черно Море е при самиот врв на табелата, го победи актуелниот шампион Лудогорец, а сега остана непоразен и на гостувањето кај ЦСКА во Софија, а за тоа најголема заслуга има нашиот Дробаров.

Влатко го имаше насекаде на теренот, па така во една ситуација спречи нова радост за домаќините, гол кој најверојатно ќе значеше победа за домаќините.

Потоа тој во 76 минута ја затресе мрежата на ЦСКА за конечни 1-1.

Черно Море со 17 бода е на второто место на табелата, подобар од негов е само Локомотив Пловдив со 19 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни