Поврзете се со нас

Свет

Урнебесен гест за црвен картон: Пепе наполни 41 година, но се уште не научи како треба да се однесува со судиите (Видео)

Објавено

на

Претпоследниот натпревар на Порто во домашното првенство донесе пет црвени картони, но очигледно избранциите на Серхио Консеисао не ја научија лекцијата, па на средбдата против Виторија Гимараше повторно видовме исклучување.

Порто полека ги губи и математичките шанси за титулата и е третопласиран на табелата, а последниот пораз на домашен терен беше проследен со исклучување на капитенот.

Фаворитот загуби на домашен терен со 1:2, а во самата завршница играше и без ветеранот Пепе кој поради гест кон двајцата судии, заработи директен црвен картон.

Иако воодушевува со начинот на кој игра на 41 година, Пепе се уште не може да се справи целосно со „бубачките“ кои ги има во глава, па така вчера самиот се погрижи за исклучување.

Пепе им порарча на двајцата судии да си „купат очила“ за да си го решат проблемот со видот, а најинтересно во целата ситуација е тоа што стоперот протестираше со право и аутот требаше да му припадне на Порто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни