Поврзете се со нас

Репрезентација

У 21: Избраниците на Канатларовски тргнаа со победа во Хрватска

Објавено

на

По направените мини подготовки, македонската репрезентација до 21 година започна триумфално на силниот пријателски турнир во Хрватска, откако денеска првиот испит го положи со победа од 3:1.

Избраниците на Драги Канатларовски беа подобри од врсниците од Албанија и покажаа дека се подобри во второто полувреме, откако во првото видовме два гола, по еден на двете страни.

Канатларовски за овој пријателски турнир повика помлади играчи со цел да добие слика за тоа како се работи во пониските категории, но и да може да селектира за во иднина со оглед на тоа што брзо ќе дојде со смена на генерации.

Берат Калкан ја доведе Македонија во водство во првото полувреме, Албанија израмни со голот на Шпенди, по што во второто полувреме постигнавме уште два гола во мрежата на противникот.

Марио Илиевски и Лука Станковски набрзина постигнаа два гола во вториот дел и дојдовме до комотна предност од 3:1, а ова беше и конечен резултат на натпреварот. Следниот натпревар во Хрватска го играме во понеделник, а ривал ќе ни биде селекциајта на Саудиска Арабија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни