Поврзете се со нас

Англија

Тухел: Сакам да останам во Челси, ама сите знаат…

Објавено

на

Германскиот стратег на клупата на Челси, Томас Тухел проговори за неговиот статус и останувањето во сегашниот клуб и по завршувањето на актуелниот договор.

Тухел е „врзан“ со актулениот европски првак до 2024 година и засега не сака да говори на оваа тема, односно свесен е дека резултатите се оние кои ќе одлучат дали ќе продолжи да го предводи клубот од „Стемфорд Бриџ“.

-Имам договор до 2024 година. Ајде да се обидеме да останеме барем додека стои во договорот. Историјата ни кажува дека не е така лесно, но денес се чувствувам убеден дека е можно. Во овој момент нема место каде што повеќе би сакал да бидам, -рече Томас и додаде:

-Многу сум среќен во Челзи, ќе видиме што ќе се случи, но сите знаат дека резултатите се она што е неопходно. Јас сум одговорен за создавање атмосфера која ќе ни донесе резултати, -заврши менаџерот на „сините“.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни