Поврзете се со нас

Германија

Тухел има јасна цел: Сакам и со Баерн да бидам шампион на Европа

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Германскиот стратег, Томас Тухел веќе неколку месеци е на кормилото на Баерн Минхен, тим кој го презема од неговиот сонародник Јулијан Нагелсман.

Ова за него е прва сезона која ќе почне да ја одбработува од самиот старт и има поставено јасна, висока цел, да биде шампион на Европа како што тоа своевремено го направи со премиерлигашот Челси.

-Мислам дека ниту еден тренер кој претходно бил на клупата на Баерн не може да каже дека очекува Баварците да бидат било каде освен на врвот. Сакаме да бидеме шампиони и повторно да се најдеме во финалето на Купот, како и да бидеме еден од конкурентите за освојување на Лигата на шампионите.

-Се чувствував чудно кога станав европски шампион со Челси. Напорно работев кон остварување на сонот кој во тој процес станува јасна цел. Тоа достигнување има изненадувачки мал ефект врз вас кога тој трофеј е во ваши раце, -порача Тухел.

Баерн има шанса со трофеј да ја отвори сезоната, а за да се случи тоа треба да го совлада РБ Лајциг во Супер Купот на Германија, меч закажан за 12 август.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни