Поврзете се со нас

НБА

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер, „брејк“ на Филаделфија во Бостон (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Денвер Нагетс одново во презема водството во плејоф серијата против Феникс Санс во полуфиналето на западната конференција во НБА лигата.

Денвер потврди дека е сосема поинаков тим кога игра на домашен терен и со 118-102 дојде до славје со кое сега дојде на чекор од пласман во финалето. Клубот од Колорадо води со 3-2, а за тоа најзаслужен е Јокиќ кој „испука“ трипл-дабл од 29 поени, 13 скока и 12 асистенции.

Одличен од клупата беше Браун со 25 поени, додека Портер Џуниор и Мари беа автори на по 19 кошеви.

Кај поразените Букер и Дурент беа спуштени под 30 поени, Девин имаше 28, Кевин 26 кошеви.

Филаделфија пак направи изненадување и го доби Бостон на негов терен во Ти-Ди Гарден со 115:103. Ембид и Мекси искомбинираа 63 поени, па сега „76-ките“ водат 3-2 и се многу блиску до пласман во наредната фаза, (финале на Истокот) поточно потребна им е победа на наредната средба пред своите гледачи.

Браун и Тејтум за „келтите“ заедно уфрлија 60 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни