Поврзете се со нас

Балкан

Трето полувреме на дербито Фенербахче-Галасарај: Како Икарди заврши со помодрено око (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/Galatasaray

Фенербахче и Галатасарај одиграа без победник во големото турско дерби, средба која заврши без голови, односно двата клуба со овој резултат остануваат на делба на врвот на табелата со по 44 бода.

Дерби како дерби секогаш има тензија, специфични моменти, а од таборот на Галатасарај беа незадоволно од судењето и притоа го искористија Маури Икарди, поточно негово фотографија со помодрено око.

-Оние кои сакаат правда за себе и вечерва по сите канали продолжија да манипулираат со турскиот шампионат. Овде можете да видите што не видoa судиите и ВАР собата со 26 камери. Се срамиме од нив. Се надеваме дека еден ден ќе се засрамат и оние кои го доведоа турскиот фудбал до овaa точка, -порачаа од Галатасарај на што стигна реакција од Фенербахче, но и од напаѓачот Един Џеко.

-Икарди со глава се удри во стативата и тиа ја објавија на инстаграм плачејќи и барајќи пенал. Ова е типично за нив. Срамота, -порача Џеко.

Имеше две ситуации со Икарди, првата во која Аргентинецот навистина се заби во стативата, а во втората дефанзивецот Џику го закачи напаѓачот, ама судиите не покажаа на белата точка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни