Поврзете се со нас

Германија

Тренерско деби од соништата: Тимот на Чаби го декласираше Шалке 04 (Видео)

Објавено

на

Баер Леверкузен беше очајно лош и го стартуваше деветтото коло како претпоследен тим на табелата, но сега тоа се менува уште на првиот меч на Чаби Алонсо како тренер на „фармацевтите“.

Легендарниот играч за врска ја започна првата значајна тренерска авантура во Германија и стави потпис на договор со Баер Леверкузен, а играчите одговорија позитивно уште на првиот натпревар.

Леверкузен му одржа фудбалска лекција на Шалке 04 и ги задоволи апетитите на Чаби, бидејќи Шпанецот можеше да ужива во четири гола уште на дебито во Бундеслигата како тренер.

Новопечениот стручњак имаше мирно и феноменално попладне на „Бај Арена“, кое зачетокот доби на крајот на првиот дел, а кулминација во самата завршница.

Диаби и Фримпонг стрелаа во 38-та и 41-та минута, овој вториот постигна втор гол и во продолжението, додека Паулињо ги постави конечните 4:0 во 90-та минута. Со оваа победа, Леверкузен направи скок од три места, па сега е 14-ти со 9 освоени бода.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни