Поврзете се со нас

Англија

Тренерот на Ајакс за последната мега-понуда од Јунајтед: За жал, се е околу парите……..

Објавено

на

Последната понуда на Манчестер Јунајтед испратена за Антони изнесува 99 милиони евра, а по се изгледа холандскиот великан Ајакс на крајот ќе ја прифати истата, иако претходно мислеше да не го продава бразилскиот репрезентативец.

Сумата која е решен да ја исплати Јунајтед сепак го менува и мислењето кај раководните структури на Ајакс, кој по се изгледа ќе видат како втор врвен фудбалер завршува на „Олд Трафорд“.

По Аргентинецот Мартинез, Антони се очекува да го комплетира мега-трансферот во завршните неколку дена од преодниот рок, па прашање на оваа тема доби и тренерот на Ајакс, кој во текот на оваа недела тврдеше дека напаѓачот сепак ќе остане на „Јохан Кројф Арена“.

– 99 милиони евра за Антони? Јас би направил да бидат 100 милиони евра. Треба ова прашање да им го поставите на Едвин Ван Дер Сар и Хамстра.

– За жал, во денешно време се е околу парите. На тоа гледам многу тажно. Таков стана овој наш свет, јас сум против тоа и не сакам да се случува кај нас. Веќе кажав повеќе од што треба за Антони, да се навратиме за мечот со Утрехт, – изјавил Алфред Шредер по денешната победа на Ајакс од 2:0, меч на кој Антони не беше во протоколот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни