Поврзете се со нас

Свет

Тренерот кој е главен кандидат за наследник на Клоп: Не можам да гарантирам…

Објавено

на

foto:twitter.com/SportingCP

Англискиот великан Ливерпул ќе остане без тренер по крајот на оваа сезона или поточно ќе мора да започне ново поглавје, ера без харизматичниот Јирген Клоп кој низ годините донесе нова енергија и титули на „Енфилд Роуд“.

Едно време Чаби Алонсо важеше за фаворит за испразнетото место, меѓутоа Шпанецот ги расчисти сите дилеми со одлуката да остане на кормилото на Баер Леверкузен уште најмалку една година.

Сега според медиумите во прв план е португалскиот стратег Рубен Аморим кој успешно го води Спортинг Лисабон. Тој има договор до 2026 година, меѓутоа самиот признава дека едноставно не е отворено и во игра.

-Не можам да гарантирам дека ќе останам во Спортинг и следната сезона. Не можам да го кажам тоа што кажа Чаби Алонсо. Треба да разговараме за мојата иднина и ќе ја договориме кога ќе биде вистинскиот момент. Сега сакаме да се фокусираме на освојување титули, а потоа ќе видиме што ќе се случи, -порача Рубен пред дербито со Бенфика.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни