Поврзете се со нас

АТП

Тони Надал откри каков проблем има Рафа

Објавено

на

Foto:instagram.com/toninadal_oficial

Рафаел Надал денеска ја извести јавност дека нема да настапи на првиот Мастерс турнир на земјена подлога, а со тоа уште еднаш го одложи своето враќање на терените во оваа 2024-та година.

Шпанецот последниот настап го запиша во Бризбејн на 5-ти јануари и оттогаш се мачи со мускулни повреди, но вчера дел од шпанските медиуми пишуваа дека Рафа последно имал проблеми со грбот.

Денешното откажување од Монте Карло ги зголеми шпекулациите за можна посериозна повреда, но такво нешто отфрли неговиот чичко и поранешен тренер, Тони Надал.

Рафа во своето обраќање денеска нагласи дека неговото тело се уште не е подготвено за мечеви со висок интензитет, но Тони вечерва откри дека единствен проблем на Надал во овој момент му претставува одредена мускулна болка при сервис.

– Надал има мали физички проблеми, особено кога сервира. Во останатиот дел нема никаков проблем, без проблеми ги завршува тренинзите. За Рафа ќе биде многу добро да има некоја подготовка за Ролан Гарос, сите знаеме дека тоа е неговата цел.

– Рафа ќе биде добар ако успее да влезе во ритам. Порано, кога Рафа беше стандарден во Париз, имаше само еден јасен фаворит и тоа беше мојот внук. Сега има неколку фаворити, но сметам дека Надал се уште е дел од таа група, – изјави Тони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни