Поврзете се со нас

НБА

Тимот на Јанис го доби Ол стар натпреварот, Тејтум постави рекорд (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/NBA

Со натпреварот меѓу најголемите ѕвезди на заврши овогодинешниот Ол стар викенд кој се одржа во Солт Лејк Сити, но завршната епизода не донесе ништо поинакво од она што навикнаа фановите во последно време, па спектаклот беше пократок и за најголемите имиња.

Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо како капитени на двата тима имаа лимитирана минутажа поради повредите, доста малку играа и Јокиќ и Дончиќ, па поради тоа има и многу незадоволни фанови од тоа што беше видено на теренот.

Натпреварот го доби тимот на Јанис кој победи со резултат 184:175, а главен актер на ревијата беше Џејсон Тејтум кој беше избран и за МВП поради своето издание.

Најдобриот играч на Бостон Селтикс постигна 55 поени и постави рекорд, бидејќи тоа се најмногу поени постигнати од еден играч на еден Ал стар натпревар.

Во тимот на Јанис, Тејтум доби поддршка од Мичел кој уфрли 40 поени, додека во тимот на Леброн Џејмс, најдобар беше Џејлен Браун со 35 поени, следен од Ембид со 32.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни