Поврзете се со нас

Македонија

Тиквеш договори португалски напаѓач, во Кавадарци доаѓа и Спиркоски

Објавено

на

Тиквеш продолжува да го составува тимот за престојната сезона, па така потврдени се уште две нови имиња за натпреварувачката 2023/2024.

Во Кавадарци ќе пристигне интернационалецот од Португалија, Марио Гасама, но и досегашниот член на Гостивар, играчот за врска Благоја Спиркоски.

Гасама е напаѓач кој може да ги покрие сите позиции во овој дел на теренот, односно заедно со претходно ангажираниот Џемаил Ибиши треба да му донесе голови на Тиквеш. Воедно клубот ја информираше јавноста дека ги враќа во своите редови Мартин Тодоров и Кире Митков, но во исто време е официјализирано заминувањето на Ристе Темелков кој се реши да каже „НЕ“ за понудата за продолжување на соработката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни