Поврзете се со нас

БИБЛ лига

ТФТ со победа ја отвори новата сезона во БИБЛ лигата

Објавено

на

Кошаркарите на ТФТ имаа победнички старт на новата натпреварувачка кампања во БИБЛ лигата.

Македонскиот претставник оваа вечер беше подобар од составот на Сигал Приштина со 81-77. Ова беше средба која донесе многу борба, ангажираност и посветеност од двата тима, но четата на Боро Смилковски беше онаа која го контролираше резултатот, играта и на крајот сосема заслужено дојде до целиот плен.

Хортон со 20 и Ташовски со 16 поени беа најдобри стрелци кај ТФТ, додека пак Бурк за поразените уфрли 18 кошеви.

Клубот од Тафталиџе во наредното исто игра на домашен терен против Академик Пловдив.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни