Поврзете се со нас

Свет

Тежок инцидент во Јужна Америка: Играч на Пењарол доби камен во глава од навивачите на Розарио (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалот во Јужна Америка знае да биде навистина специфичен без разлика за кое натпреварување се работи и уште една потврда за тоа е настанот од Копа Либертадорес, натпреварување како Лигата на шампионите во овој дел од светот.

Розарио во еден тензичен меч славеше над Пењарол со 1-0 со голот на Кинтана, но резултатот остана во сенка на случувањата пред и после самиот натпревар со тоа што кулминацијата беше по последниот судиски свиреж.

Имено гостинскиот тим тргнал да се поздрави со своите навивачи, ама дел од домашните навивачи почнале да фрлаат со камења по нив, а еден од нив заврши во лицето на Максимилијано Оливиера.

Тој беше раскрвавен, но во еден момент тргна да бара и правда и сакаше да се пресметка со оние што го погодија, па ако не беа соиграчите ќе дојдеше до уште поголем инцидент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни