Свет
Тевез: Меси да му се извини на ПСЖ? Да бев јас на негово место…..

ПСЖ предвреме ја укина суспензијата на Лионел Меси и тренерот Кристоф Галтие најави дека Аргентинецот се враќа во првиот тим, реакција со која се стави крај не неочекуваната сага која настана околу актуелниот светски шампион.
Мислејќи дека има слободен ден, Меси се упати во Саудиска Арабија и не се појави на тренингот на ПСЖ, а тоа резултираше со изречена казна од страна на клубот, но донесе и шпекулации дека Лео воопшто нема да се врати во Париз до крајот на сезоната.
Наместо тоа, Меси покажа знаци на каење и се извини за својот потег преку официјално видео обраќање, па откако стана јасно дека ситуацијата се смирува, со свое гледиште на оваа тема се јави Карлос Тевез.
Поранешниот соиграч на Лионел од репрезентацијата вели дека тој би постапил комплетно спротивно од она што го направи Меси, односно воопшто немал да се враќа во Париз за да се извини.
– Меси уште еднаш ни зададе удар и ни покажа колку е понизен. Да ми кажеше мене некој дека треба да се извинам за ден кога сум имал одмор, и притоа како светски шампион….. Едноставно ќе се вратев во Росарио, ќе ги кренев нозете и ќе си пиев мате.
– Ќе чекав тие да ми се извинат мене. Сепак, Меси е поинаков, тој секогаш го става клубот пред се. Мора да му се симне капа за тоа, особено поради тоа што ПСЖ не го почитува колку што е потребно од првиот ден, – вели Тевез.
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 22 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 23 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 20 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Англијапред 21 час
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
АТПпред 11 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Лига на шампионипред 8 часа
Јовиќ: „Чкембари“ се најдобрите навивачи на сите ракометни терени, Пелистер ќе ја освои двојната круна во Македонија!