Поврзете се со нас

Свет

Тевез го стави Фергусон во втор план и го именуваше својот омилен тренер: Тој е мојата инспирација

Објавено

на

Foto:twitter.com/Independiente

Карлос Тевез во текот на својата играчка кариера имаше можност да соработува со многу врвни тренери, а тоа го натера да се префрли во менаџерските води по крајот на играчката кариера.

Популарниот Карлито засега одлично го води Индепендиенте и се стреми еден ден да се врати во Европа како тренер, па во обидот да ја образложи филозофијата која ја негува, Аргентинецот се повика на тројца тренери.

Во интеврјуто за „Газета“, Тевез открива дека негов омилен тренер е Антонио Конте, но украл и одрердени особини од Марсело Биелса и Сер Алекс Фергусон.

– Јас сум посебно инспириран од Конте. Посебно ми се допаѓаше неговата страст за победа. Од Биелса го „украдов“ неговото внимание за секој детаљ на теренот, а од Фергусон се обидувам да внесам мир во менаџирањето на мојот тим.

– Имав многу добри тренери и примери во кариерата, тука се и Манчини и Алегри. Сепак, ако треба да изберам само еден, ќе кажам Антонио Конте.

– Се сеќавам на една случка која најдобро го прикажува неговиот карактер. Се боревме со Рома за титулата, а јас бев во Аргентина поради семеен проблем. Не можев да тренирам и да му помогнам на тимот и требаше да играме со Рома следниот викенд. Најпрво ми рече да не се грижам за фудбал, а потоа ми се јави и ми рече дека морам да дојдам по секоја цена. За него во главата се само победите, – открива Тевез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни