Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг тажен за повратникот во тимот кој повторно се повреди: Навистина е разочаран

Објавено

на

Ерик Тен Хаг се соочува со нов непоскауван проблем кога е селекцијата на играчи во прашање, бидејќи повторно нема да може да смета на играчот кој тој го истакна како најдобар на летните подготовки.

Антони Марсијал започна како стартер и имаше одлични изданија, брзо заработи повреда и успеа да се врати пред две седмици, но сега повторно заработи мускулна повреда и е приморан да го стопира прогресот.

Малерозниот француски напаѓач ќе го пропушти претстојниот натпревар во Лига Европа на Манчестер Јунајтед, а Тен Хаг открива дека морал да зборува со него за да го смири.

– Марсијал не тренираше со тимот и ќе видиме дали ќе може да го направи тоа до недела. Имав неколку разговори со него, ова е навистина разочарувачки за него особено.

– Минутите кои ги одигра откако се врати беа многу квалитетни. Во неделата победивме поради неговото добро издание во првото полувреме, пред да го напушти теренот. Нормално е да има разочарување, но сите чекаме брзо да ни се врати, – вели Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни