Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг искритикува стартер на Јунајтед: Морав да го извадам за да го поправам тимот

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед заборави да победува во Премиер лигата и на последните четири меча остана без триумф, а вчера се спасуваше од пораз на гостувањето кај Борнмут.

Бруно Фернандеш постигна два гола и ги неутрализираше погодоците на Соланке и Клајверт, но сепак тоа не беше доволно за прекинување на лошата серија во домашното првенство во која Јунајте забележа само една победа на последните седум натпревари.

Ерик Тен Хаг мораше да менува уште на полувреме и овојпат имаше забелешка за лошата поставеност по десната страна, а негова жртва беше Алехандро Гарначо за кого испрати критики по ремито на „Виталити“.

– Имаше некој проблем во нашата организација, ни се случуваше истото цело прво полувреме. Имаше огромна празнина на нашата десна страна и мораше тренерски да се интервенира.

– Морав да ги поправам работите на десната страна, не игравме добро и морав да направам замена. Гарначо не тренираше цела недела, тренираше само вчера и сакав повеќе енергија и повеќе квалитет кога е во прашање соработката со останатите соиграчи.

– Требаше да бидеме посплотени на таа десна страна од која паднаа двата нивни гола, – изјави Тен Хаг кој на местото на Гарначо го стави Диало.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни