Поврзете се со нас

НБА

Тејтум како Пирс, Бостон ја доби трилер пресметката со шампионот (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошакарите на Бостон Селтикс славеа над Голден Стејт Вориорс со 121-118 во дербито во НБА лигата.

Ова беше дуел на двете екипи кои во минатата година играа во големото НБА финале и во кое „воините“ славеа со 4-2. Доста возбудливо беше во „Ти-Ди Гарден“, немаше победник по 48 минути игра (106-106), па се играше продолежние во кое домаќините бодрени од публиката се изборија за славје со кое се зацврстија на првото место на Истокот.

Шест играчи на Бостон беа двоцифрени, најдобар беше Тејтум со 34 поени на кои додаде 19 скока, 6 асистенции, 3 украдени, но имаше и 7 загубени топки. Воедно Џејсон стана прв играч на „келтите“ по легендарниот Пол Пирс (2002 година) со учинок од 30+ поени, 15+скокови и 5+асистенции на меч од најсилната лига на светот.

Кај поразените дури четворица кошаркари имаа 20+ поени, ама и тоа не се покажа како доволно за поволен резултат. Улогата на прв стрелец ја имаше Кари со 29 кошеви.

Резултати:
Бостон – Голден Стејт 121:118 (прод.)
Минесота – Торонто 128:126
Финикс – Бруклин 117:112
Портланд – Филаделфија 95:105
Детроит-Чикаго 108-126

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни