Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Таунсенд за шокот за Тотенхем: ВАР ја уништува чистата емоција на фудбалот

Објавено

на

Фудбалерот на Евертон Андрос Таунсенд ја коментирал спорната ситуација на дуелот Тотенхем-Спортинг, односно поништениот погодок за победа на домашниот тим, постигнат во 95. минута од средбата.

И покрај еуфоричната прослава во Лондон, неколку минути подоцна ВАР собата процени дека има офсајд, а голем број фанови не разбраа најдобро каде судиите видоа недозволена позиција.

Таунсенд за „Би-Би-Си“ вели дека ВАР технологијата ги уништува емоциите и станува голем ризик за фудбалот како игра.

– На крајот на краиштата, за мене не е ни важно дали имало офсајд.

– Не ја сакам ВАР технологијата поради ова, ја уништува чистата емоција на фудбалот.

– Го видовме како Конте трча на теренот, како повредените играчи трчаат, Кејн полуде, публиката полуде и десет минути подоцна голот е поништен. Ова не е фудбал, фудбалот е чиста емоција, а полека ВАР му го одзема овој елемент на мојата омилена игра, – изјавил Таунсенд, кој е и поранешен англиски репрезентативец.

ВАР поништи гол за победа на Тотенхем, Конте збесна и доби црвен картон (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни