Поврзете се со нас

Лига на шампиони

ВАР поништи гол за победа на Тотенхем, Конте збесна и доби црвен картон (Видео)

Објавено

на

Тотенхем прославуваше гол за победа против Спортинг во 95. минута, но проверката во ВАР собата покажа дека имало офсајд и натпреварот заврши со резултат 1:1.

Големата еуфорија на стадионот во Лондон се претвори во разочарување, а темпераментниот Антонио Конте буквално збесна на судиите поради одлуката и заработи црвен картон.

Италијанецот бараше објаснување од судијата Мекели, но Холанѓанецот само ладнокрвно му покажа црвен картон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни