Поврзете се со нас

Формула 1

Таткото на Ферстапен го понижи Хамилтон: Уживав кога мојот син го помина за цел круг

Објавено

на

Таткото на Макс Ферстапен, Јос, ја ги подгреа страстите со својата последна колумна објавена на официјалниот веб- сајт на возачот на Ред Бул.

Јос Ферстапен се осврна на последната трка во Имола, која неговиот син ја доби на убедлив начин без притоа да направи ниту една грешка на патеката.

Она што ретко се случува, можеби и прв пат во последно време е тоа што некогашниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон заостануваше цел круг зад холандскиот пилот. Токму тоа го израдува таткото на Макс кој истакна дека уживал во тој момент на Имола.

– Макс имаше неверојатен викенд во Имола, не направи ниту една грешка. Имаше целосна контрола, тоа беше неверојатно.

– Искрено,  уживав кога видов дека го претекна Хамилтон за еден круг, најмногу поради тоа што се случи минатата година. Хамилтон навистина се мачи оваа година, неговиот тимски колега Џорџ Расел е во многу подобра сиутација. Ретко имате прилика на тој начин зад себе да оставите болид на Марцедес, -напиша во колумната Јос Ферстапен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни