Поврзете се со нас

Македонија

Суперкупот патува за Скопје: Вардар го доби првото официјално дерби со Пелистер во новата сезона

Објавено

на

Ракометарите на Вардар го освоија првиот трофеј во новата натпреварувачка сезона и тргнаа со победа во Суперкупот, натпреварување со кое традиционално се означува старт на новите ракометни возбудувања.

Во пресметката со вечниот ривал Еурофарм Пелистер, Вардар успеа да заборави на двата порази во Европа и се рехабилитираше на домашна сцена, па со тоа ја „фрли ракавицата“ кон ривалот со кого се очекува да води жестоки битки и во наредните 10 месеци.

Актуелниот македонски првак ги доби најважните пресметки со Вардар минатата сезона, но новата ја почна со пораз во Струмица, град во кој се играше Суперкупот на Македонија.

Првото полувреме беше неверојатно израмнето и резултатот гласеше 13:13 по 30 минути игра, но кога мечот се кршеше, подобри беа ракометарите од македнонската престолнина.

До последните 10 минути од мечот, Вардар константно имаше позитива од еден гол и Пелистер во неколку наврати израмнуваше, но потоа вардарци се одлепија на плус три и со тоа ја најавија победата која на крајот ја потврдија со 30:26.

Летните засилувања Срдановиќ и Петриќ беа најдобри кај Вардар со по седум гола, а исто толку постигна и Радивојевиќ на спротивната страна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни