Поврзете се со нас

Свет

Суарез имаше нов момент на помрачување и за малку ќе му ја скршеше раката на противничкиот стопер (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/InterMiamiCF

Луис Суарез имаше неколку непријатни епизоди во својата кариера кога ги гризеше противничките фудбалери, а иако Уругваецот во поселдните години се одвикна од такви моменти на помрачување, сега повторно го привлече вниманието со еден непрофесионален потег.

„Ел Пистолеро“ секогаш бил пргав и темпераментен кога се во прашање дуелите со дефанзивците, но рано утрово претера и малку фалеше да му ја скрши раката на својот ривал.

Интер Мајами испадна од КОНКАКАФ Лигата на шампионите во четвртфиналето и со вкупни 5:2 загуби од Монтереј, но гостите посебно немоќни беа рано утрово во Мексико.

Домаќините победија со 3:1, а Суарез го привлече вниманието со својот несекојдневен потег, по кој настрада стоперот Гузман.

Дефанзивецот на Монтереј се превиткуваше од болка и доби лекарска помош, но потоа успеа да го доигра натпреварот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни