Поврзете се со нас

Македонија

Струга му одговори на Шкупи и го ангажираше шампионот од минатата сезона (Фото)

Објавено

на

Струга Трим и Лум остана без Дарко Илиески кој замина во директниот ривал во битката за титулата, но актуелниот лидер на табелата денеска му одговори на Шкупи.

Струга и Шкупи водат жестока битка на теренот од стартот на сезоната, но тоа го продолжија и во зимскиот трансфер период резервиран за засилувања.

Откако Шкупи го ангажираше најдобриот играч во одбраната на Струга, сега овој клуб одговори со аквизиција на напаѓачот кој лани ја освои титулата со тимот од Чаир.

Струга вечерва се пофали дека го обезбедил потписот на Марјан Радески, искусниот македонски голегетер кој остана незадоволен од својот статус во Пјуник.

Радески минатата сезона ја освои шампионската титула во македонското првенство со Шкупи, а сега поранешниот репрезентативец ќе се обиде да и помогне на Струга во својот историски поход кон титулата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни