Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Струга го доби противникот за првото квалификациско коло во ЛШ

Објавено

на

Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Љум го доби противникот за првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Екипата предводена од Шпетим Дури имаше солидна ждрепка во Нион, но ќе се соочи со тим кој постојано игра во европските купови. Се работи за повеќекратниот шампион на Литванија, Жалгирс кој во актуелнава сезона не успева да се наметне во домашниот шампионат и по 18. коло е на третата позиција на табелата.

Првата средба ќе се игра во Литванија на 11/12 јули, додека реваншот во Македонија е една недела подоцна на 18 или на 19 јули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни