Поврзете се со нас

Англија

Стрелецот на најубавиот гол во Премиер лигата од лани си оди од Тотенхем во неочекувана трансфер размена

Објавено

на

Медиумите на Островот пренесуваат информација дека Тотенхем и Севилја договориле неочекувана размена на играчи.

Имено, двата клуба се договориле да си ги разменат Ерик Ламела и Брајан Хил кои ќе ги променат клубовите и на перманентна основа ќе потпишат за Севилја, односно Тотенхем.

Интересно е тоа што Тотенхем освен тоа што ќе го отстапи Ламела, ќе мора да плати уште 25 милиони евра на андалузискиот клуб за услугите на Хил.

Ерик Ламела пристигна на „Вајт Харт Лејн“ како големо засилување, но во ниту една сезона не ги оправда очекувањата и имаше само краткотрајни блесоци, како тој од минатата сезона против Арсенал кога го постигна најубавиот гол во Премиер лигата за сезоната што веќе е зад нас.

Брајан Хил, пак, е млад 20 годишен офанзивец кој минатата сезона во дресот на Севилја одигра 30 натпревари на кои постигна четири погодоци и запиша исто толку асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни