Поврзете се со нас

Свет

Страшен меч на „Ајброкс“: Матондо со ремек дело спречи пораз на Ренџерс во големото шкотско дерби (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/RangersFC

Ренџерс и Селтик водат жестока борба за титулата во Шкотска, битка која ќе продолжи да оди по жица со оглед на тоа и што по ова кола разликата меѓу двете екипи ќе остане идентична.

Имено големото дерби кое денеска се одигра на „Ајброкс“ заврши без победник 3-3. Гостите водеа со 2-0 и 3-2, ама и тоа не им беше доволно да дојдат до славје и голем исчекор во одбрана на титулата во шампионатот.

Избраниците на Роџерс ја имаа победата в џеб до 93 минута кога Матондо изведе магија, ремек дело за изедначување и голема радост на домашните навивачи.

Селтик има бод повеќе од Ренџерс на табелата, ама и натпревар повеќе во однос на најлутиот ривал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни