Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Стоилов: Некои играчи не разбираат што значи да се игра за Вардар

Објавено

на

Вардар со пораз од Мешков Брест ја заврши групната фаза во Лигата на шампионите и со тоа го одбра Веспрем за противник во осминафиналната фаза на ова натпреварување.

„Црвено-црните“ одново покажаа многу слабости, особено во одбраната, па по средбата капитенот Стојанче Стоилов не криеше дека е разочаран и испрати директна порака до дел од соиграчите.

-Честитки до Мешков за победата, повеќе ја поскауваа и им посакувам среќа во иднина. Сакав да го анализирам овој натпревар, но тренерот на Мешков ме потсети што е проблемот во нашиот клуб. Алонсо нагласи колку Вардар е специјален клуб… Некои од нашите играчи не сфаќаат колку голем и специјален клуб е Вардар, го сфаќаат здраво за готово тоа што го носат овој дрес или заборавиле за кого играат. Тоа е нашиот најголем проблем сезонава, -порача Стоилов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни