Поврзете се со нас

Македонија

Стоилов и Вардар казнети за случувањата за дербито со Пелистер

Објавено

на

Екипата на Вардар претрпе пораз од Еурофарм Пелистер во дербито на колото во домашниот шампионат и ја загуби пол позицијата во трката за титулата.

Меѓутоа негативниот резултат од битката во СЦ „Јане Сандански“ не е единствената лоша вест за „црвено-црните“ кои беа санкционирани од дисциплинската комисија на РФМ за случувањата на теренот.

Имено капитенот Стојанче Стоилов кој беше доста нервозен и заработи црвен картон по конфликтот што го имаше со нашите најдобри судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов е суспендиран на еден натпревар.

Ова значи дека Стоилов ќе мора да го пропушти гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер 2.

Вардар пак ќе мора да плати и парична казна од 60.000 денари.

Македонскиот шампион и Стоилов имаат право на жалба во рок од осум дена, па останува да видиме дали таа опција ќе ја искористат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни