Поврзете се со нас

Македонија

Српски телкомуникациски гигант влезе во Работнички: Одиме кон врвот во македонската кошарка

Објавено

на

Foto:facebook.com/bcrabotnicki

Како што беше најавено уште во текот на вчерашниот ден, КК Работнички од денес треба да има многу посветла иднина поради големиот договор кој е потпишан со српскиот телекомуникациски гигант, спонзор кој ветува дека ќе ги остави во позадина мрачните денови со кои се соочи најтрофејниот колектив во последните години.

Телекомуникацкискиот оператор Мтел кој е компанија членка на Телеком Србија влегува со голем капитен во македонскиот клуб, односно ќе инвестира околу 1,4 милиони евра во Работнички во наредните четири години, за кои планот е „центарци“ да се вратат во битката за сите најважни трофеи на домашната сцена, но и да биде дел од јадранската лига.

Директорот Горан Веселиновски кој заврши одлична работа во изминатиот период не го крие воодушевувањето од склучената зделка, а на потписот на договорот беа присутни и претставниците од Србија.

– Знам дека приказната на КК Работнички е долга и бурна, со подеми и падови, но во овој момент јас верувам дека заеднички ќе го создадеме нејзиниот среќен крај. Јас целата своја играчка кариера ја поминав во овој клуб, ова е мојот клуб, кон кој чувствувам обврска да помогнам заедно да се вратиме на победничките патеки и заедно да исчекориме кон врвот. Затоа што Работнички, затоа што Центар и центарци заслужуваат повторно да бидат на врвот во кошарката, – истакна Веселиновски.

Свој збор имаше и извршниот директор на Мтел, Марко Лопичиќ, кој истакна дека со овој проект, нивната компанија го продолжува инволвирањето во спортот.

– Како што веројатно знаете и сами, Телеком Србија во Србија, како и нашите компании во Босна и Херцеговина и Црна Гора, од своето основање го поддржуваат спортот и на аматерско и на професионално ниво. Поради тоа решивме таа позитивна деловна пракса да ја пренесеме и во Македонија. Се надевам дека ова спонзорство ќе овозможи на кошаркарите и стручниот штаб на Работнички да работат и да се натпреваруваат во уште подобри услови и дека резултатите во сезоната која што е пред нас ќе бидат уште подобри, – нагласи извршниот директор на Мтел, Лопичиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни