Поврзете се со нас

НБА

Спектакуларен трипл-дабл на Дончиќ, Јокиќ блескаше пред мечот на одлука (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Рано утрово се одиграа дури 14 натпревари во НБА лигата и беше навистина активно во Америка, каде полека се подготвуваат за финишот на регуларниот дел од сезоната.

Дел од тимовите веќе се со мислите во плеј-ин и плеј-оф натпреварите, но има и такви кои до последно коло ќе се борат за што подобра позиција и прво место, а таков е случајот со Денвер и Минесота.

Овие два тима во следното коло ќе имаат директна пресметка за првото место на Западот, па како најава за мега пресметката, и Денвер и Минесота остварија победи.

Јокиќ блескаше со 28 поени, 13 скокови и 7 асистенции на гостувањето кај Јута, а голема поддршка имаше од Џамал Мареј  кој исто така уфрли 28 поени.

Нагетси славеа лесно со 95:111 и стигнаа до 55-та победа, а исто толку има и Минесота која со пресврт славеше над Вашингтон со 130:121.

Фантастична индивидуална партија одново имаше и Лука Дончиќ кој беше лидер на својот Далас, кој уверливо славеше над Шарлот со 104:130.

Словенецот запиша нов спектакуларен трипл-дабл во НБА лигата, овојпат со 39 поени, 12 скокови и 10 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни