Поврзете се со нас

Светски првенства

СП ракомет: Шведска и Шпанија остануваат перфектни и на стартот на втората фаза

Објавено

на

Шведска како актуелен европски првак влезе на Светското првенство кое го игра на домашно тло, па вечерва без големи проблеми ја запиша и четвртата победа на шампионатот.

Унгарија се очекуваше да биде првата посериозна пречка за Швеѓаните, но сепак оваа селекција се покажа како недораснат противник за актуелниот европски шампион, кој одигра онолку колку што му беше потребно.

Шведска оствари сигурна победа од 37:28 и останува прва во групата 2 во која е апсолутен фаворит, додека втор е Исланд кој денеска славеше со 40:30 над Зеленортска Република.

Шпанија исто така е една од селекциите кои се проектирани да играат во завршницата на Светското првенство, па иако „фуријата“ не беше убедлива, стигна до четврти триумф.

Шпанците го скршија отпорот на Полјаците и победија со 27:23 и ја предводат групата 1 пред Франција која исто така има шест бода.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни