Поврзете се со нас

Англија

Собослаи објасни зошто ја одбра „осумката“ во Ливерпул: Имам тетоважа од Џерард…

Објавено

на

Унгарскиот репрезентативец, Доминик Собослаи е новото име во редовите на англискиот прволигаш Ливерпул.

„Црвените“ одлучија дека е време да ја активираат неговата откупна клаузула и тој од бундеслигашот РБ Лајпциг премина на „Енфилд Роуд“ каде ќе има можност да соработува со еден од најдобрите светски тренер Јирген Клоп.

Собослаи треба да биде сериозно засилување, освежување за Ливерпул кој одново ќе има најголеми амбиции во нареднава сезона. Тој се реши да го земе дресот со бројот осум кој досега беше резервиран за Наби Кеита, а во минатото го има носено иконата на клубот Стивен Џерард.

-Нема посебна причина, ама ова е голем број, многу играчи го имаа овој број. Исто така имам тетоважа од Стивен Џерард, што има кажано-не се сеќавам ни кога, ама порано. Тоа беше причината, -истакна Собислаи.

Цитатот за кој станува збор (тетовиран на унгарски) гласи: „Талентот е благослов од Бога, но без неверојатна волја и понизност, тој е безвреден“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни