Поврзете се со нас

Свет

Словенија и Хрватска се најдоа во иста група во квалификациите за ОИ (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/kzs_si

Грција, Летонија, Порто Рико и ШПанија се земјите домаќини на кошаркарските квалификации за Олимписките игри, а ФИБА денеска ги одреди групите во кои ќе има разигрување од 2-ри до 7-ми јуни наредната година.

Хрватска Словенија како два од трите претставници од овие простори се најдоа во првата група заедно со Нов Зеланд, што значи дека балканските селекции меѓусебно ќе одлучуваат за пласман на турнирот во Париз.

Грција како домаќин ќе биде дел од групата Б во Атина, во која уште се и селекциите на Египет и Доминиканска Република. Црна Гора како последен претставник од овие простори доби најдобра ждрепка, односно се најде во групата во Рига каде за ривали ќе ги има Камерун и Бразил.

На турнирот во Сан Хуан во Порто Рико, групата А ја сочинуваа Мексико, Брегот на Слоновата Коска и Литванија, а група Б е составена од Италија, Порто Рико и Бахреин.

Град домаќин на турнирот на Пиринеите ќе биде Валенсија, а покрај носителот на групата Шпанија, во А сегментот се уште Либан и Ангола, додека во втората група се Финска, Полска и Бахами.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни