Поврзете се со нас

Лига на нации

Словенечко чудо од дете: Шешко со „Ван Бастен“ бравура ги запали социјалните мрежи (Видео)

Објавено

на

Шведска и Словенија играат натпревар кој директно одлучува која селекција ќе остане во Лигата Б во Лигата на нации, а без оглед на конечниот епилог, дуелот во Стокхолм ќе се памети по фудбалската бравура на Бенјамин Шешко.

Словенечкото чудо од дете на мечот со Норвешка пред неколку дена постигна фантастичен гол, но овој вечерва е вистинско ремек-дело, бидејќи потсети на легендарната мајсторија на Марко Ван Бастен.

Шешко игра за Ред Бул Салцбург и веќе договори трансфер во сестринскиот клуб Ред Бул Лајпциг, но со вечерашниот потег, само покажа зошто за него се интересираше и големиот Реал Мадрид.

Деветнаесетгодишниот фудбалер наредната сезона ќе се калеми во Германија, но јасно е дека му претстои светла иднина со оглед на квалитетот кој го поседува на оваа возраст.

Словенецот зафати еден перфектен волеј и постигна неверојатен гол во Шведска, по што веднаш почнаа споредбите со незаборавниот гол на легендарниот Ван Бастен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни