Поврзете се со нас

Англија

Сколс со интересен и поразличен трансфер предлог до Тен Хаг за напаѓачката позиција: Тој е тип на играч за системот на Ерик

Објавено

на

Манчестер Јунајтед во вториот дел од сезоната и тоа како се потпира на головите кои ги постигнува Маркус Рашфорд, случај кој го видовме и денеска на гостувањето во Шпанија.

Јунајтед по вторпат успеа да го победи Бетис и најзаслужен за тоа беше разиграниот Рашфорд, кој испрати неодбранлива „бомба“ од далечина за водство, но и триумф на гостинскиот тим.

Фантастичната форма на Рашфорд ги радува сите навивачи и легенди на Манчестер Јунајтед, но истовремено сите се свесни дека на Јунајтед му недостасува еден централен напаѓач, кој сигурно ќе биде ангажиран во летниот преоден рок.

Како две имиња кои постојано се истакнуваат се Хари Кејн и Виктор Осимен, но Пол Сколс има еден поразличен и интересен предлог до Ерик Тен Хаг.

– Мене многу ми се допаѓа Лаутаро Мартинез од Интер. Сметам дека би бил одличен за Јунајтед. Тој е тип створен за играта на Ерик Тен Хаг. Ерик сака напаѓач кој трча, кој е агресивен и кој привлекува противници на себе. Ги сакам напаѓачките опции кои ги има Јунајтед и во моментов. Го сакам Рашфорд, го сакам Марсијал, но овој вториот не може да остане фит подолго време. Затоа има опции во други клубови и мора да се направи нешто во тој поглед, – вели Сколс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни