Поврзете се со нас

Италија

Скамака даде атрактивен гол, Аталанта ќе го предизвика Јувентус во финалето на Купот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/SerieA

Аталанта ќе ги предизвика Јувентус во големото финале на Купот на натпреварување, фаза во која клубот од Бергамо успеа да стигне по убедливиот триумф на вечерашното соочување со Фиорентина.

„Виолетовите“ го добија првото соочување со 1-0, но вечерва не издржаа во Бергамо каде од 53 минута играа и со играч помалку по исклучувањето на Миленковиќ.

Гостите и без Србинот успеаа да израмнат на 1-1 преку Мартинез Куарта, односно да го аналираа водство на домаќините кое го донесе Копмајнерс на самиот старт на натпреварот.

Сепак домаќините имаа супер завршница која тргна со атрактивниот гол на Скамака во 75 минута за 2-1.

Овој резултат беше активен се до судиското продолжение кога Лукман и Пашалиќ погодија за голема радост и место во завршниот меч во ова натпреварување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни