Лига на шампиони
Сити за едно полувреме ја реши Звезда, „петарда“ на Барселона, победнички старт за ПСЖ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Сити со победа над Црвена Звезда од 3-1 ја започнаа одбраната на титулата во Лигата на шампионите.
„Граѓаните“ доминираа на вечерашниот меч на „Итихад“ на кој испратија скоро 40 удари и сосема заслужено дојдоа до посакуваната цел иако имаа шокантен резултат на полувреме. „Црвено-белите“ успешно се бранеа и ја дочекаа својата шанса во 45 минута и тоа преку Букари кој го матираше Едерсон.
Сепак оваа негатива не донесе паника во домашните редови кои по паузата лесно ги вратија работите во своја полза, Алварез до 60 минута даде два гола за пресврт од 2-1, а во 73 минута Родри со мајсторски гол ги потврди трите бода.
Барселона пак немаше проблеми со Антверп и со 5-0 дојде до првото славје во Х групата. Феликс, Левандовски, Батаиле (автогол), Гави и повторно Феликс за втора „петка“ на каталонците во краток времски период.
ПСЖ пак во вториот дел го скрши отпорот на Борусија Дортмуд и славеше со 2-0 со головите на Мбапе и Хакими.
На другите средби Порто беше подобар од Шахтјор Доњецк со 3-1, Феенорд ги израдува своите навивачи во пресметката со Селтик (2-0), а Лацио и Атлетико Мадрид одигра без победник (1-1).
-
Балканпред 20 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шахпред 6 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 6 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 5 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 11 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 11 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Англијапред 21 час
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик