Поврзете се со нас

Балкан

Симиќ и Борац редат победи во БиХ

Објавено

на

Foto: druga.aba-liga.com/Dragana Stjepanovic

Теодор Симиќ и неговите колеги од Борац Бања Лука забележаа уште една победа (трета во низа) во шампионатот на Босна и Херцеговија, овој против Орловик со 78:70.

Домаќините немаа добро отварање на натпреварот и првата четвртина ја загубија со 25:17, меѓутоа во продолжението работите си дојдоа на свое место, Борац беше подобар особено во третиот период кој го реализираше со 22-11 и со тоа го презема водството и контролата на натпреварот.

Македонскиот репрезентативец Симиќ доби шанса од клупата и уфрли 4 поени со 6 скока, 2 украдени топки и забележа 1 блокада.

Наредната средба за Борац во шампионатот е против Босна на 2 март.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни