Поврзете се со нас

Англија

Силва за неговата иднина: Се ќе дознаете во наредните денови…

Објавено

на

Тиаго Силва беше многу емотивен по вчерашниот пораз на Челси од Манчестер Сити во англискиот ФА Купот, па по последниот судиски свиреж видовме солзи кај искусниот дефанзивец.

На Бразилецот тешко му падна овој пораз, пораз кој по се изгледа значеше дека својата приказна со „сините“ ќе ја заокружи без трофеј, односно дека си заминува по крајот на сезонава.

-Се ќе дознаете во наредните денови. Не сакам да кажам ништо сега по поразот. Тажен сум поради резултатот, но порано или подоцна ќе излезе информација. Имам донесена одлука, но не е момент за да ја споделам.

-Ова не е индивидуален спорт, но моите четири години овде беа многу добри. Не дека не верував во себе, но со моите години и со интензитетот на оваа лига, ретко е да се видат играчи на високо ниво на 39 години. Не сакам да зборувам за мене, но можете да го видите ова. Во полуфиналето бев подготвен да ги играм и продолженија. Можам да видам дека имам уште неколку години во мене за да продолжам да уживам во фудбалот, -порача Силва кој од 2020 е во Лондон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни