Поврзете се со нас

Англија

Силва: Халанд ќе биде во трка за „Златната топка“ само ако…

Објавено

на

foto:twitter.com/ChampionsLeague

Ерлинг Халанд е најдобар стрелец на Манчестер Сити во Премиер лигата и Лигата на шампионите, но според Бернардо Силва тоа не е доволно за да биде во конкуренција за „Златната топка“.

Португалецот смета дека неговиот колега ќе биде човек кој ќе може да го предизвика Лионел Меси само ако успее со „граѓаните“ да триумфира како во Премиер лигата така и во Лигата на шампионите.

-Ако Халанд ја освои Премиер лигата и Лигата на шампионите, тогаш можете да го ставите во дискусија за „Златната топка“, но исто така можете да зборувате и за Винисиус Жуниор ако Реал Мадрид триумфира во ЛШ.

-Во основа ќе биде меѓу Меси и победникот во ЛШ, засега би му ја дал на Меси, -вели Силва за „Франс Фудбал“.

Да посетиме Меси беше лидер на аргентинската репрезентација која успеа да слави на СП во Катар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни