Поврзете се со нас

Светски првенства

Швајнштајгер со специјална порака ги поздрави македонските фудбалери по историската победа над Германија (Фото)

Објавено

на

Бастијан Швајнтајгер е вистинска легенда на германскиот фудбал и своевремено беше капитен на тимот кој стигна до светската титула пред седум години, а вечерва немаше проблем да и честита на македонската фудаблска репрезентација за историскиот резултат во Дуизбург.

Милениците на Игор Ангеловски направија неверојатен подвиг и го победија четирикратниот светски првак Германија во Дуизбург со 1:2, но додека цела германска јавност го потенцира срамот кој го режираа избраниците на Јоаким Лев, популарниот Швајни испрати специјален поздрав до Македонците.

Македонија стана првата селекција која и нанесе пораз на ГЕрманија во едни мундо-квалификации во последните 20 години, па тоа го натера Швајни да го поздрави огромниот успех кој заслужува секаква пофалба.

– Сета моја почит кон Македонија. Несреќен пенал против нив, не добија чист пенал и успеаја да победат на гостувањето против четирикратниот светски шампион. Капата доле, – порача Швајни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни