Поврзете се со нас

Европски првенства

Шпанија го замолкна Берлин и ќе се бори за титулата на ЕП

Објавено

на

Репрезентацијата на Шпанија е ривалот на Франција во финалето на 41. Европско Првенство.

Избраниците на Скариоло успеаа да слават над селекцијата на Германија на која не и помогна ниту домашниот терен во Берлин. Доста интересна беше пресметката во Берлин, двете екипи се менуваа во водство, ама кога беше најпотребно во завршниот период „црвената фурија“ покажа карактер, знаење, умешност, стабилилност и со 31-20 се избори за пресврт и конечен триумф од 96-91.

Браун со 29 поени, 2 скока и 6 асистенции беше најистакнат поединец кај победникот за кого пак браќата Вили и Хуанчо Ернангомез искомбинираа 29 кошеви.

Кај поразените Шредер беше автор на 30 поени.

Во недела се битките за третото и првото место, односно прво ќе ги гледаме Германија и Полска во борба за бронзата, додека за златото од 20:30 часот ќе ги одмерат силите Французите и Шпанците.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни